Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија, на научниот симпозим што се одржа во Струмица им додели плакети за мир на поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.
Во рамки на симпозиумот пред присутните се обрати Зоран Заев, кој рече дека за него постои само една и единствена награда за мир, а тоа е самиот мир.
Тој истакна дека воените арсенали треба да се заменат со ползување на „оружјето“ на совеста, добрата мисла и добриот збор, со „оружјето“ на подадената рака, со „оружјето“ на компромиси, пријателство, заедништво, соработка и отворање нови хоризонти кон иднината.
Ниту еден наш животен сон, ниту еден наш животен стремеж, ниту еден план за креирање на иднината не може да биде реализиран доколку сме го изгубиле мирот. Мирот во земјата, мирот во нашето блиско или подалечно опкружување и мирот во светот е еден од главните предуслови за нашиот душевен мир. Токму затоа, секој од нас треба да биде противник на било каква воена агресија, на секое воено дејство кое урнува нечии домови и одзема човечки животи, изјави Заев.
На симпозиумот се обрати и Васил Тупурковски, кој истакна дека секоја војна нанесува огромни штети на спортот, а според него во прашање се доведени во прашање и одржувањето на големи спортски настани.
Симпозиумот го отвори градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, а свои обраќања имаа новинари и спортски функционери од земјава и странство, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа се одржа вчера и денеска во Струмица, а во рамките на Самитот се одржа и конгрес на кој беше избрано ново раководство на Асоцијацијата. рт/дма/
2022-11-04 18:58:36, од Ристо Тасев,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.