Премиерот во оставка Зоран Заев го честита Бадник и посакува празникот предвесник на Христовото раѓање, кој традиционално се празнува во семејствата,  да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.

Семејните вредности, топлината и почитта нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои во изминатиот период изгубија некој близок или се соочуваат со други тешкотии. Да ги отвориме срцата за добрини, разбирање и слога. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за раѓањето на Исус Христос. Честит и вековит Бадник!, напиша Заев на својот фејсбук-профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.