Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Клик21“ на ТВ21 посочи дека поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство, а потоа го ставил за претседател на партијата.

Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е – вели Димитриевски.

Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.

Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено – вели Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.