Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека СДСМ повеќе не е партија, туку приватна фирма.

Тој додаде дека се уште се чувствува социјалдемократ, но за жал не е во таа партија поради тоа што донеле едногласна одлука и го исклучиле од партијата.

Не заврши постапката но тие си донесоа одлука бидејќи тоа не е партија, тоа е приватна фирма. Функционира како акционерско друштво, ги држат позициите – вели Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.