Енормниот пораст на бројот на диви свињи во кичевијата, последните два викенди резултира со рекордна бројка на отстрелани диви свињи на две ловечки друштва од општината. Така ловечко друштво од Рабетинска Река пред две недели отстрела осум диви свињи, додека следниот викенд ловечко друштво од Копачијата го надмина овој рекорд и отстрела дури 11 диви свињи од различна возраст и големина.
– Последните две-три години просто сме зачудени од бројноста на дивите свињи во природата, кои ги има во толку голем број што повеќе не се плашат да прошетаат низ селата и среде бел ден, а за штетите врз земјоделските култури што ги направија изминативе две години, не треба ни да зборуваме, бидејќи во повеќе села од кичевско-пласничкиот регион кај одредени земјоделци штетата беше целосна, а се стравува дека поради зголемениот број во природата, штетите во наредните години да бидат уште поголеми, вели Даме Петрески, ловџија од Кичевско.
Тој нема одговор од каде за толку кусо време енормно се зголеми бројот на диви свињи во природата, дали тие дошле од други региони или можеби наталитетот последниве години е драстично зголемен.
Повеќе на ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.