Не треба само владите да комуницираат, туку сите власти, рече Бујар Османи за тоа како ќе се враќа довербата со Бугарија. Според него, пратениците на двете држави ќе треба да комуницираат бидејќи можеби овие прашања ќе завршат пред нив. Дополнително, мрежите на соработка треба да ги има и во комуникациите меѓу невладините и медиумите.

Според него, Македонија не е должна да се грижи за националните малцинства, бидејќи тоа е така регулирано со Декларација и со Преспанскиот договор, а тој не дозволува Македонија да се грижи за Македонците во Бугарија бидејќи немаат македонско државјанство.

Оваа скандалозна одлука е донесена по потпишувањето на Преспанскиот договор кога бил избришан членот од Уставот кој предвидувал државава да се залага за малцинствата во другите земји.

Декларацијата од 1999 година и Договорот од 2017, каде истиот член е префрлен таму кој гласи  – ништо во нашиот Устав нема да се интерпретира како мешање во внатрешните Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани. А после уставните измени, по Преспа, избришан е членот во кој што државата има обврска да се грижи за македонското националното малцинство – изјави Османи.

За барањето на источниот сосед, Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, Османи најави дека работните групи ќе разговарале следната недела. Toj ја повика и историската комисија да одржува редовни средби со цел решавање на отворените прашања меѓу кои и заедничко чествување на одредени настани и личности од историјата. Вели дека вчерашното чествување на Гоце Делчев не било официјално, туку бугарската делегација случајно била во посета на државава по повод отворањето на Бугарската телеграфска агенција.

Владата на Бугарија беше на покана на Агенцијата, сепак беше добар политички гест да се присуствува на овој важен настан, независно што во оваа фаза имаме различни погледи кон тоа, сепак историската комисија се охрабрува да напрви заеднички поглед кон значењето кое што од овие личности и настани ќе создаде мост помеѓу двете држави – вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.