„Ни претстои сериозна опасност ако не помогне државата и ако навремено не реагира, дека може да ни се повтори сценариото од минатата година. И да не бидеме обвинети дека само еве ги штитиме градоначалниците кои што се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, еве во Берово е да речеме градоначалник од редовите на СДСМ, апелирам до Владата веднаш да испрати тимови и се што е потребно да биде ставено на располагање на општината бидејќи ресурсите со кои што општините располагаат се навистина минимални или незначителни“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на прашање за пожарот во Берово.
Мицкоски додаде дека од пожарот штетата што може да се направи ако Владата не реагира навреме да биде огромна и девастирачка.
„Затоа еве ја користам оваа прилика од овде од Свети Николе да предупредам, а воедно и да апелирам до власта што е можно побрзо да реагира, да заборави на коктелите и на трошењето на народни пари на периферни манифестации, да заборави на луксузирањето и на тендерите барем малку во четири очи пошто еве сведоци сме дека изминативе денови имаме еден таков мултимилионски тендер даден во четири очи за битумен на едно јавно претпријатие. Владата треба да се посвети на тоа што навистина им значи на граѓаните, а тоа е да се спречат пожарите кои што веќе почнуваат да се појавуваат во Македонија, а имајќи во предвид временските прилики може и да земе поширок опфат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.