Нашата зима и нашата стратегија за греење

Не е решение само да се набави скапа струја со земени скапи кредити.

Не е решение ниту да се опустоши сиот дрвен фонд во земјата и да настанат дополнителни климатски штети кои нема да можат да се надокнадат со децении.

Стратегија е нешто сосем поразлично.

За почеток можеби треба, сите што можат, да работат од дома.

Тоа ќе ја намали потрошувачката за греење и ќе помогне неопходната потрошувачка во училишта, болници и производни капацитети да не биде доведена во прашање.

Верувам постојат уште многу начини како да се намали потрошувачката на греење и струја но некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите, пишува на својот фејсбук профил Софија Куновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.