Во последните три дена, од 22 до 24 април, од направени 3.722 тестови,  регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се вкупно пет починати и, 238 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Бројот на активни случаи изнесува 630, а во осум градови во моментов нема ниту еден случај на Ковид-19.
Од 147 нови случаи, од Скопје се 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.