За Социјалистичката партија на Македонија начелно е прифатлива преамбулата од хрватскиот Устав да се примени и во измените во Уставот на Република Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија го задржува принципиелниот став и инсистира на условување на уставните измени со реципроцитет во бугарскиот Устав и наведување на македонското малцинство во него.

Меѓутоа, како што е претходно напоменато од наша страна, сметаме дека овој парламентарен состав нема добиено мандат за било какви уставни измени.

Оттаму е потребата за одржување брзи предвремени парламентарни избори, став зад кој Социјалистичката партија на Македонија цврсто стои.

Воедно, Социјалистичката партија на Македонија не е подготвена и исклучува секаква можност да започне било каков дијалог со СДС, сметајќи го тоа за чин спротивен на изградените партиски ставови и нарушување на концептот за заштита на националните и државните интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.