Министерството за надворешни работи предводено од Бујар Османи за една година ќе потроши околу 7 милиони 200 илјади денари или околу 117 илјади евра само за рекламирање за време на претседавањето со ОБСЕ. „Алсат“ го обезбеди договорот што го потпишало Министерството за надворешни работи со една од консултантските агенции.
За овие 117 илјади евра агенцијата ќе обезбеди голем број услуги за Министерството за надворешни работи и тоа:
- За да го ангажира својот надворешен соработник ќе треба да добие над 1,1 милион и 147 илјади денари;
- За агенцијата да ги осмисли логоата со ОБСЕ и формирањето на визуелниот идентитет и други слични услуги, МНР ќе плати над 929 илјади денари;
- Да се осмисли подготовката и реализацијата на комуникациската стратегија на Министерството и министерот Бујар Османи, на агенцијата ќе ѝ бидат исплатени повеќе од 619 илјади денари или повеќе од 10 илјади евра.
Целата сторија на „Алсат“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.