Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Дојче Веле потенцира дека се формирани осум граѓански здруженија во државата по моделот на здружението „За наше Куманово“.

Очекуваме следниот месец да бидат формирани уште неколку. Во овој процес влеговме по барање на граѓаните на целата држава и тоа што ми импонира е желбата и мотивот на граѓаните да се вклучат со нивно дејствување. Како нов политички субјект ќе учествуваме на следните претседателски и парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат редовни или предвремени. Ќе се позиционираме во политичкиот центар, со јасно нагласени државни, национални и патриотски визии, стратегија и политики со сериозни економски, образовни, здравствени проекти, како и проекти од други области кои ќе го подигнат стандардот и квалитет на живот на граѓаните! Предуслов за сето оваа е добро владеење, во чија основа е владеење на правото и правна држава“, вели Димитриевски.

Тој информира дека во здружението се приклучуваат разочарани членови од двете најголеми партии, но и од помалите, и тоа без разлика на нивната верска и етничка припадност.

Особено ме радува што во овие здруженија се приклучуваат граѓани кои досега немале никаква политичка активност, неопределени и голем број граѓани што не гласале никогаш досега. Тоа ми дава за право да верувам дека ќе бидеме политичка сила која ќе биде важен фактор за формирањето на новата влада“, истакнува Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.