Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, објаснувајќи зошто нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров” во Благоевград, ниту пак таму ќе има владина делегација или делегација од СДСМ.

Вицепремиерот Маричиќ во настап на ТВ24 рече дека како држава имаме зацртано пат за отворање на официјален македонски клуб и кога ќе се отвори таков, тој ќе биде таму.

Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива – рече Маричиќ

Тој сè уште нема информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро работите да се водат нституционално.

– Сметам дека е подобро преку институциите да ги водиме работите. Ние веќе имаме официјален центар во Софија и да направиме таков во Благоевград. Вчера излегоа некои информации и доколку е истата иницијатива, да не забораваме дека таа беше структура која што беше жестоко против референдумот во 2018 и против Преспанскиот договор. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но не сме ние должни да присуствуваме на секоја иницијатива. Вапцаров е ценет уметник и книжевник и не може да се спореди со цар Борис или Ванчо Михајлов – рече Маричиќ во врска со организаторите на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.