Лидерот на ДУИ Али Ахмети не е осамен во ставовите за медиумите. Праксата на непримерна комуникација за работата на медиумите продолжува и од претедателот на Владата Димитар Ковачевски.

Иако не ги посочи нивните имиња, ова е мислењето на премиерот Ковачевски за телевизиите Телма и Алфа:

Верувам дека господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на факти и за објаснување ќе треба да го прашате него. Бидејќи и за медиумите и јас имам мое лично мислење, јас можам да дадам мое лично мислење како некои медиуми се однесуваат. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиуми чија што уредувачка политика личи на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.