За слепиот послушник на Заев, Ковачевски пазарот е на прво место наместо зачувување на национални вредности. Пазарџијата Ковачевски одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија. Пазарџијата Ковачевски со самото одбивање на национално единство пропушта можност едногласно да се зацементирааат позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека одбивање на подадената рака за национално единство значи само едно, дека Ковачевски наместо во коалиција со народот и на страна на државните и национални интереси, е во коалиција со Бугарија и продолжува да биде слеп послушник и застапник на политиките на заевизмот.
Пазарџијата Ковачевски на маса со Бугарија ги нуди македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст. И самото одбегнување на власта да ја поддржи Декларацијата во Парламентот за титанот Гоце Делчев, е пред се поради стравот на пазарџијата Ковачевски да не се налути Бугарија кој е поголем од желбата за почит кон великанот, се додава во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ ја подава раката повторно и ја остава вратата отворена за национално единство и обединување за одбрана на националните интереси, заштита на македонскиот јазик и посебност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.