Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов и нивните изјави  дека „Македонија е бугарска“ ги оценува како неважни се сакајќи да коментира, како што тој вели, изјави на политички маргиналци од Бугарија.

Сепак реалноста во Бугарија покажува дека и тоа како се работи за влијателни политички личности. Како потврда на ова оди фактот дека партијата на Костадин Костадинов во Бугарското Собрание, „Преродба“ има 27 пратеници, што е 11,2% од вкупниот број на пратеници, односно 2 пратеници повеќе од БСП која е сестринска партија на СДСМ. Оттука се наметнува прашањето, дали и БСП според Ковачевски е маргинална партија во Бугарија?

Целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку провокативни изјави, ама нема да им ја исполниме желбата – одговори Ковачевски денеска на прашањето како ги коментира изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на пратеникот Костадин Костадинов на чествувањето на Мара Бунева во Скопје.

Станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава, а јас претставувам Влада кој комуницира со Владата на Бугарија со која имаме комуникација на многу повисоко ниво од она што беше во минатото – рече Ковачевски.

Тој посочи дека Министерството за надворешни работи соодветно реагирало на овие изјави со нота до Софија во која ваквите постапки точно ги адресираше како закана по добрососедските односи и побара од бугарското МНР од нив да се огради.

Иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи – изјави Ковачевски.

Меѓудругото Џамбаски на панихидата и чествувањето на Бунева во Скопје изјави: „Да живее Бугарија, Македонија е бугарска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.