Извештајот на Европската комисија во однос на слободата на медиумите само го потврди она што веќе е познато во јавноста. Од ЕК нотираат дека Македонија се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување, а праксата на новинарите покажува многу пречки во нивната работа, особено кога станува збор за политичарите.

За тоа каква навистина е состојбата во која се наоѓаат медиумите и нивната слобода, најдобро покажа односот на премиерот Димитар Ковачевски, кој на последната прес-конференција со потсмев и потценување се обрати кон припадниците на седмата сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.