Коментирајќи го купувањето на трговскиот центар „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети, Димитриеска-Кочоска во интервјуто за „Република“  прашува која е таа банка што одлучила да му даде финансиски средства и гаранцијата која е дадена бидејќи ни една голема банка нема да ви одобри кредит без да биде максимално заштитена.

Значи ние имаме млад и амбициозен човек кој успеал да си реализира еден негов сон. Се поставува прашањето колку ние имаме млади и амбициозни постручни од него кои не можат да се доближат до одредена банка а не пак да земат кредит.Овде треба институциите да си ја сработат својата работа.

Таа нема објаснување како семејството Ахмети е успешно во толку многу бизниси.

Јас не знам некој да успеал во толку краток период да реализира толку бизниси. Она што е најитересно да ги читате првите бизнизи сите се поврзани со државата.За да може да изградите хидроцентрала ви треба согласност од државата. Како одеднаш тоа семејство доби концесија да вади варовник, зошто не доби некој друг. За поздравување е секој бизнисмен што ќе успее притоа работејќи комплетно во приватниот сектор, а не да работи со државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.