За да вртат камиони со струмички таблици во Дрисла, на фирма блиска до Рашковски се менувани услови во сред оглас, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За време на активен оглас за набавка на услуга – машини за работа во Дрисла се бришани условите како што било барањето за минимум 12 вработени. За со така сменети услови фирмата на Александар Пиперевалиев, кој е во роднинска врска со Драги Рашковски да добие тендери за две години во вредност од 850 илјади евра. Дали фирмата на Пиперевалиев ги добивала тендерите, кои патем се преговарани во четири очи заради неговата роднинска врска со Рашковски, и дали немало друга фирма која можело да работи во Дрисла под истите или можеби и подобри услови за претпријатието, па морало да се склучува договор во четири очи со роднината на Рашковски? Дали тие 850.000 евра, не можеле наместо за изнајмување на машини да се искористат за купување на нови машини на претпријатието или за редовно сервисирање на постојната механизација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.