Професорот Владо Бучковски, кој своевремено беше и специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија, во колумна за НоваТВ ја разработува идејата Pro или contra Францускиот предлог. Според него, предлогот на Француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира.

Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула, Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа, вели Бучковски.

Цела колумна тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.