Првиот човек на ДУИ Али Ахмети вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската супстанца во Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент, но без да прецизира кога точно, објави ТВ21.

Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи. Ве уверувам дека 20% не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. Тоа ќе се случи во вистински момент со договор затоа што сограѓаните Македонци ништо не губат ако од 20% се пишува албански народ, рече Ахмети.

Но, од Беса ваквата изјава на Ахмети ја сметаат за скандалозна. Овој субјект го овласти својот шеф Биљал Касами да ги покани на заедничка маса албанските парламентарни партии.

Штета е да се слушне од албански лидер дека „20%“ не влијае на албанската супстанција бидејќи овој термин е потценувачки за албанскиот народ во земјава. Што се однесува до евентуалната средба на албанските партии, Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното раководство донесе одлука да го овласти претседателот на партијата да организира повик за следната средба во рамките на заедничката маса на албанските парламентарни партии во согласност со политичкиот договор на албанските партии во РСМ, велат од Беса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.