Демократската унија за интеграција оваа недела го одржа 5-тиот редовен состанок на
Генералниот совет, како највисок орган на партијата меѓу двата Конгреса.

Под претседавање на претседателот на партијата Али Ахмети се дискутираа клучни теми
со посебен акцент на актуелната политичка состојба во Македонија. Лидерот
Ахмети истакна дека земјата се наоѓа во една критична точка во однос на нашата европска перспектива и неопходните уставни измени за да продолжиме да се движиме
по овој европски пат.

Тој истакна дека закотвувањето на Македонија во европското семејство, е највисоката форма на патриотизам за сите граѓани и заедници.

Неодамнешната потврда од Европската комисија дека одредниците за отворање на
поглавјата ќе се фокусираат само на патоказот за јавната администрација и владеењето
на правото, наместо на односите со соседите, силно ги отфрлија тврдењата на
опозицијата.

Претседателот Ахмети се осврна на загриженоста од создавање на хибриден политичко- економски центар против ДУИ, изразувајќи ја посветеноста на партијата за демократските принципи и решеноста да продолжи да работи во насока на унапредување на системските вредности и стандарди во Македонија.

Претседателот Ахмети и Генералниот совет го осудија нападот врз првиот вицепремиер
Артан Груби, карактеризирајќи го истиот како напад врз ДУИ.

Фото: Фејсбук

Следна тема беше Извештајот на генералниот секретар на партијата г. Фатон Амети за
резултатот од изборите внатре во партијата во десетици партиски ограноци. ДУИ се
гордее со воспоставувањето на демократскиот принцип „еден член, еден глас“,
осигурувајќи се на овој начин дека политичката моќ на одлучување е во рацете на
народот.
Третата точка за која се разговараше на средбата беше оценката на функционалност на
раководните тела на партијата. Во таа насока, Генералниот совет донесе одлука за
зајакнување на раководството на партијата.

За нов потпретседател на ДУИ се назначи г-дин Бујар Османи како носител на
долгогодишно искуство со континуирана посветеност и вложување во принципите на партијата.

Дополнително, Собранието назначи тројца нови членови на
претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места од лицата што ја напуштија
партијата. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали. Г-ѓа
Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост.

5-та редовна седница на Генералниот совет на ДУИ одбележа важен момент за партијата,
потврдувајќи ја посветеноста кон демократските вредности, напредокот кон европскиот
пат и зајакнувањето на нејзините членови.

Под визионерското раководство на АлиАхмети, Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на својата мисијаза изградба на просперитетна и инклузивна иднина во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.