Српскиот претседател Александар Вучиќ, и посака добредојде на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова во манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Претседателот на Србија при дочекот и подари цвеќе на македонската претседателка.

„И посакав добродојде на претседателката Гордана Силјановска Давкова. Оваа посета претставува одлична можност да се зајакне партнерството и да се афирмираат заедничките вредности на Србија и Македонија со цел напредок и развој на целиот регион.

Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликувале идентитетите на нашите народи. Илиндан, односно Илинден е уште една допирна точка на која треба да го засноваме натамошното поврзување на нашите две земји“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.