Грција денеска ја зафатија поројни дождови, а туристите пак се соочија со поплавени апартмани. Голем дел од гостите се жалат дека им врне во апартманите, а сопствениците се прават наудрени велејќи дека очекувале подобри временски услови.

-Сместени сме во Вила Константин во Пефкохори. Со нас имаме тримесечно бебе. Денеска почна да врне и буквално вода почна да тече по ѕидот. Во мазонетата до нас тече од вентилација. Се обратив до сопствениците, од каде ми рекоа дека се надевале на подобри услови, не можеле да предвидат дали ќе врне или не. Ми вели кој се надевал дека ќе тече, а турисити кои се тука неколку дена пред нас кажуваат дека со истиот проблем се соочиле и луѓето кои биле сместени пред нас. Но сопствениците упорно лажат дека не течело претходно, дека првпат сега протекува. Побарав решение на проблемот, ми понудија да дојдат чистачки да исчистат, а утре ќе не преместат во друг апартман. Кога им посочив дека сум со бебе кое има само 3 месеци и тоа бебе не може да ја диши влагата безобразно ми одговори дека е исто дали ќе ја дише влага од морето или влага од мокрите ѕидови во апартманот, секако ќе дишело влага – вели гостинка во Вила Константин, која се обрати до нашата редакција.

Кога не ја прифатиле понудата да ги преместат утре и барале уште денеска да добијат нов, сув апартман им рекле да се спакуваат и да си одат, дека ќе им ги вратат парите за преостанатите денови.

Дојдени сме фамилијарно во две мазонети, на една резервација. Кога прашав дали ќе ги вратат парите и за другата соба, со оглед дека сме заедно и дека и кај нив тече од вентилацијата ми рече: Што ми е гајле за вашите дружења, тие нека останат вие одете си. Дури ми пишаа дека сме влегле во апартман во најдобар ред и доколку течело во апартманот ќе течело уште од прв ден, а не сме кажале ниту збор а не дури сега. Кога прашав од што да тече кога не врнеше ми рече нема разбирачка, спакувајте се. Реков дека не треба да го издаваат апартманот ако тече, а не да се надеваат на подобри услови, ми одговорија ти ли ќе ни држиш лекции што да издавам – коментира револтираната гостинка која не исконтактира.

На фејсбук страниците каде што се пренесуваат искуства од Грција, се повеќе граѓани се жалат дека на фотографиите има едно, затекнуваат сосема друго. Велат односот и на агенциите и на сопствениците е безобразен и арогантен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.