Дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица, рече во вчерашното обраќање лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, промовирајќи ја програмата со која партијата ќе настапи на изборите во мај.
Ќе иницираме сеопфатна дискусија во рамки на Собранието за еднократна и единечна уставна измена со која ќе се намали бројот на пратеници, рече Мицкоски зборувајќи за нивните планови околу уредувањето на македонскиот политички систем.
Зборувајќи за програмата „Платформа 1198“, тој нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ знае да прави проекти и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија. Според него, ова е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.
Тежината на оваа програма кој низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стојат на зборот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.