ДУИ го држи премиерот Димитар Ковачевски во заложништво, зошто токму тие се вистинските газди во владата, газди на кримиминалот и господари на туѓите судбини, рече на денешната трибина во Велес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

И затоа стојам овде и ви велам дека ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум во име на таа цел да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти од политичките партии во државата од било која провенинција само после 20 години власт ДУИ оди во опозиција. Кога тие ќе заминат во опозиција ќе ѝ се раздени на Македонија, ќе нè биде. Повторуввам, ова е пакт за национално единство со некриминилизаните сегменти од општеството, а криминалците од сегашната влада ќе одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам, рече Мицкоски.

Додаде дека треба да се препознае овој историски момент за понудена рака за обединување на македонското ткиво и за заедништво на македонскиот блок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.