Доброволното враќање на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства не ја ослободува ексдиректорката на Клиниката за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова од одговорноста пред законот и надлежните институции“, велат од Универзитатската клиника за детски болести.

Министерот за здравство Беким Сали вчера информираше дека сега веќе поранешната директорка на Детската клиника д-р Софијанова ги вратила на Клиниката сите исплатени средства.

Таа го сторила истото пред да си даде оставка, истакна министерот.

По барање на министерот пред 15 дена оставка од директорските позиции дадоа Софијанова и првиот човек на Онколошката клиника, Нино Васев.

Во врска со објавените информации за работењето на ексдиректорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор, проф. д-р Софијанова, и в.д. организацискиот директор Мемеди Аљадин, ја известуваме јавноста дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во разни домени, меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа, соопштија од Клиниката за детски болести.

Оттаму додаваат дека по завршување на предметните ревизии и соодветните постапки, Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции.

Од Клиниката за детски болести порачуваат дека „поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да им изврши исплата за октомври 2022 година на вработените. Исплата на дежурства за вработените за октомври ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност“.

Исто така, сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени, велат од Детската клиника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.