Синдикатот на Клинички центар најавува масовен протест доколку не добијат линеарно покачување на платите.

Протестот е закажан за в понеделник, како што велат од синдикатот за ТВ21, но ќе му дадат простор за преговори на Министерството за здравство, па затоа собирот ќе го одложат за до среда, доколку дотогаш не постигнат договор за покачување на платите за 2.860 денари.

На протестот ќе му се приклучат медицинските сестри, администрацијата, лекарите и целиот медицински персонал.

Министерот за здравство, Беким Сали, синоќа одржа средба со Синдикатот на Клинички центар и Лекарската комора и се согласува да го поддржи синдикатот, но рече дека тој не ги одвојува финансиските средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.