Еден од двајцата „пиштолџии“ кои беше приведени за инцидентот на плоштадот „Скендербег“, за време на народниот протест против францускиот предлог, е ослободен по насока на шефот на скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски. Тој е казнет со 1.200 евра и му е одземен  пиштолот Walther P99 кој го имал со дозвола, неофицијално дознава Нетпрес.

Според вчерашното соопштение од Министерството за внатрешни работи С.Р. (34) бил идентификуван како лице кое за време на инцидентот држел пиштол во раката, но не го употребил.

Кој е Садула „ДУЛО” Рустеми?

Рустеми Сопственик на CLIQUE BAR во Скопската чаршија, роден 1988 од скопското село Сингелиќ – Хасанбег, член на ДУИ и шура на Командирот на ПС Бит Пазар, Енвер Селами.
Дозволата за пиштолот му е издадена со потпис на неговиот шура Енвер Селами, кој бил претседател на комисијата за оружје, пишува „Нетпрес“

CLIQUE bar се наоѓа во станичното подрачје на ПС Бит Пазар каде што Енвер е командир. Воедно, CLIQUE bar е местото од каде што  излегле „пиштолџиите“ и полицајците во цивил, пренесува порталот.

Пред настанот, СВР Скопје/ПС Бит ПАЗАР го немаше обезбедено со полиција плоштадот Скендербег и платото на Стоковна куќа МОСТ, влезот на Скопска чаршија, што важи за критична точка. Бидејќи, токму од тој деј само ден претходно група Албанци фрлаа камења и други предмети кон поворката која се движеше од Владата, кон Министерството за надворешни работи и како крајна дестинација Собранието.

Според информации на „Нетпрес“, по настанот, СВР СКОПЈЕ нема извршено претрес на објектот Clique Bar и на другите објекти во близина од каде излегоа напаѓачите, нема извршено претрес на лица, нема одземено снимки од блиските камери од објектите.

Одговорно лице за безбедносното подрачје е токму командирот на ПС Бит Пазар Енвер Селами, а од него никој не побарал одговорност за несовесно вршење на служба со непреземање на дејствија со што се дозволи загрозување на животот на граѓаните и меѓуетнички судир.

За потсетување, лицето кое пукаше со пиштол и за кој е одреден притвор од осум дена е Цуфи Кока, брат на Братот на в.д. директорот на комунална хигиена од Алијанса за Албанците (АА), Зуди Енузи Кока, кој експресно е сменет од функција, веднаш по инцидентот.

Еден час пред инцидентот, Кока на својот Фејсбук профил објавил порака во која од името на партијата Алијанса на Албанците повикува на мирни протести и го осудува вандализмот, говорот на омраза и навредите кон Албанците. На насловната фотографија на Фејсбук профилот на Кока, тој е сликан со лидерот на опозициската Алијанса на Албанците, Зијадин Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.