Одговарајќи на новинарско прашање за нефункционирањето на лифтови на некои клиники, директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски на денешната прес-конференција за првата операција на колено со помош на робот во јавното здравство, изјави дека лифтовите и одржуваат и сервисираат заеднички служби.

На ова министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека ќе иницира да нема заедничка служба која ќе ги одржува лифтовите.

Воопшто не ги сакам тие заеднички служби. Тие се загубари со 20 милиони и воопшто не се знае што работат. Има тековни законски процедури кои мора да се почитуваат, но ќе се разрешат преку влада, вети министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.