Војо Димоски, поранешен обвинител за Локално.мк вели дека незадоволството од изборот на Абази се базира на неколку основи, пред се тоа е професионалната биографија на обвинителот, која, како што вели, од една страна е скромна ако се види пописот на кривичните дела кои ги сработил, а од друга страна е пример за експресно напредување од Основен обвинител до Виш обвинител и веднаш до раководител на Вишото обвинителство во Гостивар.
Дополнително за нас кои сме луѓе од занаетот е скандалозно да се настапи на избори, а при тоа да не се достави програма за делување, ниту пак да се удостои стручната и општата јавност со учество на соочувањата со противкандидатите. Мојата перцепција е дека со овој избор се бетонира состојбата на статус кво во гонењето на сериозните форми на криминал и корупција и се потврдува заробеноста на институциите од политиката, објаснува екс-обвинителот.
Околноста еден правосуден функционер да познава некого од политиката сама по себе за мене не е проблематична, вели Димоски околу „блискоста“ Абази со членови на ДУИ, како и фактот што потекнуваат од исто село со претседателот на партијата, Али Ахмети.
На човек кој има професионален интегритет нема да му биде тешко да не дозволи мешање во неговата работа. Меѓутоа за мене е и тоа како проблематично, кога некој кој треба да е олицетворение на борбата со најсериозните форми на криминал, на јавноста и соопштува нешто кое после неколку часа е демантирано со фотодокументација. Тоа за мене е скандалозно и претставува сериозно кршење на Етичкиот кодекс на Јавните обвинители. Сега на потег е Државниот обвинител кој според мене е должен да му поведе постапка пред комисијата за етика, порачува поранешниот охридски обвинител.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.