Критиките на холандскиот амбасадор Јан Коп дека уставните измени во кои власта се „крсти“ како услов за почеток на преговорите за членство се само параван, а зад се тоа стои неработење, корупција и криминал.

Главната причина зошто Македонија не ги почнува преговорите за членство се неспроведените реформи, состојбата во судството и обвинителствтото, односот кон странските инвестиции…

Клоп на овие теми беше јасен.

Премногу сте фокусирани на прашањето за уставни измени, за нас, како Холандија, тоа прашање не е важно, туку важни се реформите, вели Коп во интервју за Македонската телевизија.

Дека Холандија е најжестока во критиките кон власта покажа и последната одлука да стопира проект за Судскиот совет поради низата скандали.

Покрај Холандија, и Германија отворено покажува дека Македонија има сериозни внатрешни проблеми кои се главен проблем за почеток на преговорите.

Последен пример е австрискиот амбасадор кој се пожали дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред неколку недели изјави дека ако другите земји членки мислат дека Македонија заслужува преговори и нема проблем со владеење на право и справување со организираниот криминал и корупција, тие ќе го решат проблемот со Бугарија за едно попладне.

„Македонија не е спремна да отпочне преговори и тука треба да сме јасни и чесни пред македонската јавност“, нагласи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.