Во насока на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ во денес ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Свое обраќање на настанот во 17:00 часот ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски.
На овој говор му претходеа три одделни панел дискусии на три различни теми.
Во 11:30 часот во малата сала на Македонска Филхармонија на тема ШТО НАСЛЕДИЈА ОПШТИНИТЕ дискутираа Гордана Димитриевска Кочоска, Маја Кадиевска Војновиќ, Гоце Димовски, Миле Лефков.
Модератор: Марија Митева.
Во 13:00 часот во малата сала на Македонска Филхармонија на тема ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ дискутираа Гордана Сиљановска Давкова, Трајко Славески, Зоран Љутков, Сашо Клековски.
На тема: МЛАДИТЕ И НИВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВА ВО ОПШТИНИТЕ дискутираа Иванка Василевска, Сергеј Попов, Невена Величковска, Стефан Андоновски.
Освен овој настан во наредниот три неделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.