Денеска го презентираме отчеток за сработеното на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за изминатите 100 дена, под мотото „Промени што носат иднина“. Отчетот претставува целисходно претставување на сите градоначалници кои што се од ВМРО-ДПМНЕ за она што сработиле, но и за она што затекнале во општините, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Горѓија Сајкоски во интервју за дневникот на ТВ Телма.

За таа цел денеска беше организирана панел дискусија за она што затекнаа градоначалниците во своите општини, но беа организирани и панел дискусии за европските пракси кои што можат да помогнат во работата на локалната самоуправа, како и за учеството на младите во локалната самоуправа и нивното ангажирање за да може да донесат развој во самите општина, меѓутоа и да придонесат со своите идеи и размислување, потенцираше тој.

Сајкоски потенцираше дека се задоволни од досегашната реализација на проектите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека за 100 дена се реализирани над 1000 проекти во сите сфери.

Од досегашната работа на општините резултатите на општините сме задоволни и можам да констатирам дека во изминатите 100 дена се реализирани над 1000 проекти, од кои 160 се капитални проекти, 200 проекти се однесуваат на патна инфраструктура, и дел на пешачки стази, дел на реконструкција на локални патишта. Во делот на образованието се реализирани 60 проекти, реализирани се 200 проекти во делот на комунална инфраструктура, фекална канализациона и водоводна мрежа и на сето она што значи подобрување на животот на граѓаните општините. Се работи посветено и секојдневно, истакна Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.