Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржува седница на која треба да објави конечност на резултатите од Претседателските избори, по што треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
До ДИК синоќа, на помалку од два часа до истекување на предвидениот рок во 22:30 часот не биле поднесени приговори за постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори.
Според првичните официјални изборни резултати, Сиљановска Давкова, кандидат поддржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски 251.881 глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.