Во Македонска Филхармонија денеска ќе се одржи Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.
Настанот ќе започне со две последователни панел дискусии модерирани од членот на ИК и портпарол Марија Митева и портпаролот Наум Стоилковски.
Следете ја во живо првата дебата на тема: Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите:
Учесници на дебатата се:
проф. д-р Тања Каракамишева
проф. д-р Александар Климовски
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Иванка Василевска, пратеник
Втората девата ќе започне во 11:45 часот и ќе биде на тема: Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата
Учесници на дебатата се:
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Во 13:15 часот ќе започне официјалниот дел на Конвенцијата, а по завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, свое обраќање ќе има кандидатот за Претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање.
По утврдување на изборот свое обраќање ќе има веќе избраниот кандидат на Конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.