Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој од претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска доби мандат за формирање влада:

Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот.


Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски вчера изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Се очекува по средбата со Сиљановска Давкова, мандатарот да даде изјава за медиумите.
ВМРО- ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.