Здравството веќе подолг период е во исклучително лоша ситуација. Континуирано има недостаток на кадар, а оние медицински лица кои работат, се исцрпени. Со години пацинетите сами си купуваат гази, фластери, лекови за болничко и амбулантско лекување. Пандемијата само ја потсили сликата и ги истакна недостатоците таложени о години.
Еснафското здружение Лекарската комора на Македонија, која е одговорна и за функционирањето на јавните здравствени установи, не покажува грижа за носителите на здравствената дејност – медицинските лица, а убав приказ на тоа е и случајот кој ја бранува фелата деновиве.
Ова излезе на виделина по последните случувања во здравството кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа, случај кој во јавноста го изнесе професор-доктор Љубица Георгиевска – Исмаил од Клиниката за кардиологија.
Овој случај е дотолку интересен што освен деканката на Медицинскиот факултет никој од Лекарската комора не се заинтересира и не застана во одбрана на правата на лекарите.
Докторката Георгиевска-Исмаил во јануари наполнила 64 години и според Законот за здравствена заштита поднела изјава дека сака да го продолжи работниот однос до 67 години. Во истата ситуација се повеќе лекари.
Мојот здравствен директор НЕ САКА да донесе позитивна Одлука што е еклатантна демонстрација на мобинг и желба да нема доктор-професор кој ќе ги потсетува него и тие околу него колку знаат/не знаат и колку се стручно и научно инфериорни. Во сета оваа работа и на оние професори од другите клиники на кои директорите им потпишале, министерот за здравство согласно ЗЗЗ, НЕ САКА на Одлуките од директорите да даде согласност и вели… „според мене тие треба да одат во пензија?!“, пишува докторката Исмаил.
Ова според неа е „катастрофално за здравството, специјализациите, субспецијализациите, едукацијата и здравствена практика во целост“.
Според докторката Исмаил, лекари со над 35 годишно искуство, со специјализации, субспецијализации да бидат испратени во пензија се испраќаат во пензија, а младите лекари без искуство се ставаат на првата линија на фронотот.
Од разговори со колегите не можеме да дефинираме што стои во заднината и што е во заднината на овој пеколен план. Кога ќе не прашаат кој може да профитира од вакви професионалци, веднаш се наметнува одговорот – приватното здравство. Дали моменталните приватни клиники или некои во основање што би ги привлекле овие реномирани лекари и професори, изјави професорката Исмаил на едно медиумско гостување деновиве.
Таа додаде дека нејзината реакција и на колегите не се однесува на тоа дека во здравството не треба да се вработуваат и млади лекарски кадри, но потребно е и искуство за добра здравствена нега на пациентите.
Сепак, во нејзиниот случај се работи и за лична пресметка.
Некаде нема недостаток на кадри, а во некои клиники има слободни места за млади кадри. Непојмлива е оваа гротесктна промена на генерациите, во пензија да испратите луѓе со 36 и повеќе години искуство, а да задржите некој кој нема факсимил да се потпише и да ги лекува пациентите. Значи не е проблем да се вработуваат младите, има место за такви луѓе еве и на мојата клиника. Но тој млад лекар за да ја практикува медицината соодветно, а ние сме обврзани за тоа со Службен весник, да практикуваме медицината базирана на докази која се темели на искуството на докторот, вели докторката Исмаил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.