Ветеринарите и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) годинава спровеле вкупно 1015 контроли на територијата на Општина Велес. Од нив, 369 контроли биле спроведени кај оператори со храна од неживотинско потекло и 646 кај оператори со храна од животинско потекло.
Од вкупниот број спроведени контроли годинава во Општина Велес, 205 биле редовни, 44 контролни и 66 вонредни инспекциски контроли.
Како што информираат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годинава досега, во Велес ветеринарите и инспекторите за храна не изрекле мерки едукација, ниту поднеле прекршочни или кривични пријави против операторите со храна кои биле контролирани. Не е евидентирано ниту уништување на небезбедна храна.
Изречени се вкупно 31 инспекциска мерка односно издадени се решенија за отстранување на утврдените недоследности од помал обем со контролите, кои кај операторите со храна се однесувале на непоседување на санитарни книшки за вработените, незавршен курс по хигиена, нецелосно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса, неажурно водење на записи и сл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.