Во Велес и Велешко утрово во 7 часот отворени се сите 84 избирачки места. Како што информира за МИА, Андреј Ќамилов претседател на Општинската изборна комисија до 9 часот на гласачките места правото на глас за избор на претседател го оствариле 4,97 отсто од гласачите, од вкупно запишани 44 858 на единствениот избирачки список.
Тој појаснува дека нивни членови на ОИК ги следат избирачкиот процес и се во постојан контакт со избирачките одбори. Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден од 141 пријавени болни и изнемошени лица во своите домови правото на глас го оствариле 135 лица од Велес и Башино Село.
Во велешкиот затвор од 33 затвореници гласале 30.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.