До 15 часот во Општина Тетово гласале 27.102 луѓе или 32,82 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
Според податоци од електронскиот систем на Државната изборна комисија излезеноста на граѓаните за гласање на претседателските избори до 13 часот во Општина Теарце е 27,62 отсто, во Општина Боговиње 22,07, во Општина Брвеница 27,48, во Општина Желино 20,22 и во Општина Јегуновце 29,43 отсто од вкупниот број гласачи.
Во шесте општини на тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.