Во тек е конститутивната седница на Советот за безбедност што ја свика претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, Малинка Ристевска Јорданова, експертка за евроинтеграции и експертот за климатски промени Владимир Спиридонов.
На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова треба да присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната на државата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а начинот на неговата работа е определен со Деловник.
Седниците на Советот за безбедност се затворени. Во одредени случаи можат да бидат и јавни, а за тоа одлучува претседателот на Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.