На Инфективното одделение во Општата болница во Струмица се лекуваат пет пациенти заболени од Ковид-19, од кои двајца се на кислородна поддршка со комордибитети.

Според директорката на болницата, Катерина Кузмановска, состојбата е стабилна. Во текот на вчерашниот ден се извршени 14 прегледи, од кои најголем дел се кај деца, кои имале стабилна клиничка слика.

За разлика од порано заболените немаат респираторни проблеми. Имаат зголемена температура, дијареја, малаксаност и намален апетит. Сега вирусот повеќе ги напаѓа децата, но покрај нив ги откриваме и возрасните. Очекуваме во текот на оваа недела да падне пикот, бидејќи минатата недела имавме осум пациенти на болничко лекување и до 30 прегледи дневно, рече директорката Кузмановска.

Таа апелира на доследно почитување на мерките за заштита, посебно носење маска во затворен простор и сите што се сомневаат дека се инфицирани да направат тестови за да може да им ја пружат соодветната помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.