Во СДСМ како се натпреваруваат кој повеќе ќе украде. Тоа се случува во коалицијата на главните политички партии во власта. Секоја недела гледаме дека имаат злоупотреба на службената позиција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија говорејќи за случајот со Мухамед Зекири.

Мисајловски истакна дека ова што се случи со Зекири се случуваше и со неговиот претходник, но посочи дека ова не е пример само за нив двајца туку за целата влада, бидејќи бројни скандали се откриени изминативе 5 години, но немаат завршница.

За една физибилити студија што треба да се направи за Пошта, за која викаа дека сакаат да ја продадат, скандалозно е да се направи тендер во 4 очи од скоро милион евра. Дури и други држави се заинтересирани за овој предмет и затоа започнаа постапка. Кај нас се споени владата, обвинителството од судството. Видовме како министерот за правда со обвинителите и судиите е прв другар. Затоа во Македонија никој не верува во судството. Ова е најкорумпирана влада, мафија има во власта, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека имаше интересна реченица од обвинителството дека знаеле каде завршиле парите.

Да видиме да се открие до крај каде завршиле парите. Уапсениот беше потпретседател на СДСМ и често пати излегуваше во јавноста и викаше дека сите се криминалци, ама изгледа си ја ишкаше мувата од капата. Сите извештаи укажуваат дека оваа влада е најкорумпирана. Секој ден има скандали, нерешени случаи и се ова може да заврши со предвремени парламентарни избори, нагласи Мисајовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.