ВМРО ДПМНЕ поднесе во Собранието иницијатива за да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за морбидниот профит на Онкологија.

„Тоа што можеме да го видиме денес во здравството по скандалот на Онкологија е дека немало ниту стручност ниту хуманост. На Онкологија доминирал принципот за профит, пациентите биле натерани да купуваат лекарства, а истите лекарства, наместо да им бидат дадени, биле препродавани на црниот пазар. И ова е заклучок на Државниот завод за ревизија. Затоа, за да има одговорноста име и презиме, за да нема паушални нагаѓања кој е одговорен, предложивме формирање анкетна комисија за да се утврди политичката одговорност на тие што дозволиле ваков морбиден профит на сметка на здравјето и животот на пациентите на Онкологија. Се сомневаме дека тоа бил директорот од СДСМ, господинот Васев, и директорот од ДУИ, господинот Нухи. Тие двајца заедно со една веледрогерија, која е голем спонзор на СДСМ, веледрогеријата ‘Пановски’, чиј сопственик има и ќерка директор на една од клиниките, наместо да им бидат лекари на пациентите од канцер, директорите на СДСМ и ДУИ и сопственикот на веледрогеријата ‘Пановски’ биле канцерот во македонското здравство. Во нивно време не знаеме ни колку е бројот на пациенти што го загубиле животот од канцер, ова е дел од извештаите за кои вие не сакате да бидат разгледани на оваа собраниска седница“, нагласи Милошоски.

Комисијата за разгледување на предлог одлуката за анкетната за онкологија е закажана за петок 15 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.