Вкупно 142 болни и немоќни лица во домашни услови и осум во дом за стари лица, ќе гласаат утре во Неготино, согласно на законот, ден пред изборите за претседател на државата, што се одржуваат во среда. За ова информираше попладнево Елизабета Камчева, претседател на неготинската Општинска изборна комисија.

Покрај тоа, на овие избори имаме пријавено и дека утре од затвор ќе гласаат 22 лица, а тројца од странство, посочи таа за МИА.

Камчева додаде дека во избирачкиот список за општина Неготино, се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.