Министерот за правда, Кренар Лога, во емисијата Клик плус на ТВ 21 рече дека се остварени првите контакти со локални и со меѓународни фактори за да можеме да влеземе во дискусија дали Македонија има капацитет, заедно со нејзините стратешки сојузници, да го спроведе овој процес на ветинг. Лога смета дека во наредните недели ова прашање ќе добие свој одговор и изрази оптимизам процесот може да се заврши.
Имав средби со двајца амбасадори, неговата екселенција, евроамбасадорот и денес нејзината екселенција амбасадорката на Хрватска. Од двајцата добивме поддршка и тие покажаа интерес дека процесот на прочистување на институционалните јавни личности го добива вниманието што го заслужува. Во наредните недели имам најава за средба со многу амбасадори. Понеделник е холандската амбасада, потоа француската амбасада и неколку други амбасади. Ова се првите контакти за да видиме што можеме да направиме за да се координираме за подобро, кој ќе биде најдобриот модел за вршење на ветингот, каква ќе беше состојбата на која ќе се повикаме на овој ветинг, но јас ви кажувам дека сме во почетна фаза, и претходно кажав во министерството не најдов никаква документација поврзана со ветинг, рече Лога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.