На две избирачки места во Куманово поради нефункционирање на УБИГ апаратите не се отворени навреме избирачки места, во едно место 1090 изгубен е печатот, информираа денеска од ОИК Куманово.
Утринава во Куманово беа отворени 164 од вкупно 167 избирачки места. Три не беа отворени. 1075 од причина што УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.
Во однос на останатите места нема некоја посебна забелешка освен за УБИГ апаратите во некои места.
На гласачките места нема забелешки обично кога УБИГ апаратот кога не го регистрира фингерпринтот, но постои начин да се гласа со лична карта доколку избирачот си е запишан во избирачкиот список, си го остварува правото на глас, изјави Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.