Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од немилите настани во Диво Насеље во 2015 година во Куманово.

„Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата наздружението на ветераните “ЗАПВАРС” од Куманово за изградба на спомен обележје на сите Кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година. Тие незадолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“,истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.