Министерството за надворешни работи испрати мобилна екипа во Амбасадата во Пекинг, со цел драстично да се скрати постапката за издавање патни исправи на нашите државјани и во НР Кина.
Со новата опрема, времето на чекање треба да се скрати на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена).
Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен поради рестриктивни мерки за карантин – соопштија од МНР.
Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.